Објавено на:

(Видео) Кос: Денеска е мега понеделник за проширување – Украина и Молдавија го отвораат првиот кластер

t

Денеска е мега понеделник за проширувањето на Европската Унија – порача еврокомесарката Марта Кос пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

„Прво, Украина и Молдавија ќе го направат својот најголем чекор од одлуката за започнување на преговорите за пристапување во Европската Унија во 2023 година. Конечно ќе можеме да го отвориме првиот кластер за двете земји бидејќи тие испорачаа, а сега е време да испорачаме и ние“,порача еврокомесарката за проширување.

Таа нагласи дека ако двете земји ги исполнат своите обврски и ЕУ мора да ги исполни своите. Во оваа смисла, Кос рече дека очекува останатите пет кластери двете земји да ги отворат во јули годинава.

Освен што Украина и Молдавија денеска ќе го отворат Кластерот 1, додаде еврокомесарката, денеска Црна Гора ќе затвори уште две поглавја, со што ќе се приближи до затворање на половина од вкупниот број поглавја.

„Денеска е ден што го користиме за да ги повикаме кандидатите да продолжат со спроведување на реформите“,порача Кос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ТРАМП НАЈАВУВА МОЖНО ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва испрати ново…

Мерц повика на единство на владејачката коалиција…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска повика на…

Бразил пред тесен изборен финиш: Болсонаро со…

Бразил во недела, на 25 октомври, избира…

Вашингтон барал од Маск да го вклучува…

Администрациите на Џо Бајден и Доналд Трамп…

Хутите тврдат дека извршиле голем напад врз…

Јеменските Хути соопштија дека извршиле широка операција…