(Видео) Кој е Ивица Б. човек од обезбедувањето на Мицкоски кој претепа колега полицаец спречувајќи претрес на дрога?! – ова не е прв инцидент

t

Министерството за внатрешни работи информира дека доцна синоќа, во 00:40 часот по полноќ, во угостителски објект на подрачје на општина Центар, лицето Ивица Б. било лишено од слобода од страна на припадници на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје откако нападнал колега полицаец.

„Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат на МВР.

Инаку се работи за член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рано изутрината нападнал колега полицаец додека извршувал службени дејствија, а веднаш по нападот бил лишен од слобода.

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бомјацалиев, кој доаѓа од редовите на СДСМ, на социјалните мрежи напиша дека македонската историја не памети ваков случај на поранешен полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на службена дејност, и побара максимално професионално да се расветли овој случај.

Oва не изолиран инцидент во кој учествувал еден од најголемите луѓе од доверба на Христијан Мицкоски. Претходно Инфомакс во емисијата Тешки Муабети посочи дека обезбедувањето на Мицкоски се подготвува на големо за доаѓање на власт и за контрола на сите локали во Скопје и државата.

Обезбедувањето на Мицкоски се обидува да ја превземе контролата на обезбедувањето на сите ноќни клубови ширум државата и на тој начин да го стави под контрола овој бизнис кој тежи илјадници евра.

Дефакто се работи за рекетарски бизнис, ако не го обезбедуваат твојот клуб луѓе блиски до Мицкоски тој ќе биде подложен на рации од полицијата, инциденти и тепачки.

Во Тешки Муабети екипата на Инфомакс информираше за уште еден инцидент кој се случил пред една недела во кој учествувал Ивица Б., а се случил во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ. Имено Ивица и уште еден колега од обезбеувањето на Мицкоски физички се пресметале откако претходно настанала кавга за тоа кој ноќен локал кој ќе го обезбедува.

Во претходната техничка Влада Ивица Б. беше назначен за командир на Единицата за специјални задачи „Тигар“ од страна на Наќе Чулев, а претходно учествуваше во скандалот во кој среде пандемија и полициски час беше заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во теретана.

Од настанот беше објавена и видеоснимка од надзорни камери на која се гледа како претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски влегува во теретана во спортска опрема.

Од неа, може да се види како Мицкоски пристигнува со две лица кои го обезбедуваат и чека да му дозволат пристап за да влезе во теретаната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Филипче не знае каде тера, прво…

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава…

Студентите и оваа година ќе добиваат 840…

За академската 2026/2027 година, студентите кои ги…

Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…

Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…

Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…

Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…

Почина бизнисменот Огњан Циговски

По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…