(Видео) Македонија останува меѓу најкорумпираните држави во Европа : Прес конференција на Марија Митева

t

ВМРО-ДМПНЕ во прес конференција обвини дека СДСМ ја држи Македонија во групата на најкорумпирани земји во Европа.

“Хибридниот режим на СДСМ ја држи Македонија во групата на најкорумпирани држави во Европа. Според сумираната оценка Македонија има пад од 87 на 95 место.

Ако минатогодишното рангирање мислевме дека е историски најлошото со скор од 35 поени, Транспаренси интернешнал потврди, Македонија и годинава нема отскокнување, за жал останува во групата најкорумпирани држави во Европа.

Застрашувачки е фактот дека Македонија е во црвената зона со висока корупција и патем го дели 87-то место со уште осум земји како Косово, Етиопија, Колумбија, Мороко, Танзанија и Виетнам.

За оваа состојба во која се наоѓа Македонија, за хибридниот режим кој ја уништи правдата преку инсталирање на корупција во секоја сфера од општеството одговорноста лежи во СДСМ. Оваа влада на СДСМ го развива криминалот наместо да се бори против тоа веќе години наназад.

Во извештајот се посочува дека концентрацијата на моќ е во рацете на автократските лидери и нивните партии кои ја поткопуваат судската независност, што помага да се одржи заробувањето на државата.

А за иронијата да биде поголема, ова рангирање се случува за период додека во владата на СДСМ имаше именуван вицепремиер задолжен за борба против корупцијата.

На овој извештај му соодвествуваат фактите дека Македонија е заробена држава, да потсетиме на пасошите за светските криминалци, да потсетиме дека МВР нема ниту една акција за сузбивање на криминалот, да потсетиме дека системот функционира врз принципот на мито и корупција и дека правдата е селективна, а не еднаква за сите граѓани.

Додека власта ја дефокусира јавноста со изјави дека државата бележи напредок, Македонија има итна потреба да се промени оваа ситуација. Оваа влада водена низ тесно партиски и бизнис интереси со својата неспособност не може да се справи со реалните проблеми.

Борбата против корупцијата мора да се забрза, владеењето на правото мора да се почитува ако сакаме да запреме со уништувањето на демократија.” рече Марија Митева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…