Објавено на:

(Видео) Масовни протести во Италија: Десетици илјади луѓе излегоа на улиците против Мелони и вртоглавиот пораст на трошоците за живот

t

Инспирирани од бранот слични протести низ остатокот од Европа, десетици илјади Италијанци денес, 30 октомври, излегоа на улиците за да протестираат против огромниот пораст на трошоците за живот и лошата состојба на јавните услуги, како што се здравството и образованието.

Во петокот, земјоделци истурија ѓубриво на улиците во Торино, додека масовните демонстрации се проширија во повеќе од 50 градови низ Италија, пренесува Си-Ен-Ен (CNN).

Акцијата, која се одвиваше низ целата земја во петокот, беше предводена од антикапиталистичкиот синдикат Unione Sindacale di Base (USB), а во неа учествуваа работници и од јавниот и од приватниот сектор.

Работниците во транспортот, исто така, планираа да се приклучат на прекинот на работата, но се откажаа од тие планови откако министерот за транспорт, Матео Салвини, му се закани на секторот со санкции.

Синдикатот USB ги повика такси-возачите сепак да стапат во штрајк, иако и тие добиле слично предупредување.

Најголемите собири се одржаа во Милано, Торино и во главниот град Рим, каде што луѓе од сите возрасти се обединија за да го изразат својот гнев кон премиерката Џорџа Мелони и нејзината десничарска влада.

Во Милано, демонстрантите носеа транспаренти со антивладини пароли; на еден од нив пишуваше:

„Да ја собориме владата на Мелони – бунтот е оправдан.“ Во Неапол, некои од демонстрантите запалија фотографии од Џорџа Мелони.

„Нè има 100.000, а борбата не завршува денес.“

Италијанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека, пред почетокот на маршевите, биле извршени „превентивни“ апсења со цел да се спречи насилство. Освен неколку изолирани судири, демонстрациите останаа главно мирни во текот на остатокот од попладнето.

Кога група млади луѓе во Рим се обидоа да запалат контејнер за отпадоци, други брзо го изгаснаа пламенот, настојувајќи да го избегнат насилството што ги одбележа сличните протести во Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Масовни протести во Италија: Десетици илјади…

Инспирирани од бранот слични протести низ остатокот…

Карни: Канада ќе учествува во заемот на…

Канадскиот премиер Марк Карни денеска изјави дека…

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат…

Почитувани граѓани на Брвеница, драги пријатели, браќа…

Нема проблеми со пензискиот фонд и исплатата…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблеми…