(Видео) Меѓународен скандал: Амбасадорот на Катар ги нападнал тренерите во Парк Сити Академија со метална шипка – се пресметуваше и со родители пред нивните дечиња?!

t

Лице кое се претставило како В.Д. амбасадорот на Катар Шеикот Јасим Бин Хамад Ал-Тани наводно предизвикал меѓународен скандал кога заедно со своето обезбедување решил физички да се пресмета со тренерите во Парк Сити Академија на Вардар.

Како може да се види од снимката објавена на социјалните мрежи на крајот од тренингот на дечињата кои тренираат во Академијата, Шеикот заедно со своето обезбедување влага на теренот и започнал да ги напаѓа тренерите на Парк Сити.

Откако родителите кои се таму со своите деца се обидуваат да го спречат тој потоа се пресметува со останатите присутни.

Како што дознаваме еден од тренерите се здобил со неколку удари во главата, а повредени се и дел од родителите. Шеикот со себе носел и метална шипка за која немаме подетални информации дали го употребил.

Неофицијално причината за нападот и „недипломатското“ однесување на Ал-Тани е претходна случка кога еден од тренерите кому впрочем тоа му е работа не бил задоволен од перформансот на теренот на синот на Ал-Тани поочувајќи му дека може да биде многу подобар.

Ваквиот коментар на тренерот го повредил егото на Ал-Тани кој решил физички да се пресметува.

Настанот е пријавен во МВР, а редакцијата на Инфомакс постави и неколку прашања до министерството за надворешни работи.

-Вчера, лице кое се претставило како В.Д. Амбасадор на Катар влетал со метална шипка на теренот на детската фудбалска академија на Вардар во Градскиот парк и почнал да удира по присутните. Настанот е пријавен во полиција, обвинител излегол на лице место, а записник направиле претставиници на Насилен криминал при МВР. Има ли МНР информации за овој настан, и дали планирате да превземете нешто, гласеше прашањето кое го испрати Инфомакс до министерството за надворешни работи.

На прашањето се уште немаме добино одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор…

Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин…

Европската централна банка се подготвува за ново…

Европската централна банка се приближува кон ново…

Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја…

Се чини дека Украина полека ја губи…

Не наседнувајте: УЈП предупредува на лажни пораки…

Управата за јавни приходи (УЈП) информира дека…

Курти доаѓа во Скопје

Премиерот на Република Косово, Албин Курти денеска…