Објавено на:

(Видео) Меѓународен скандал: Русија го УАПСИ јапонскиот конзул под обвинение за шпионажа!

t

ФСБ го приведе јапонскиот конзул Мотоки Тацунори во Владивосток под сомнение за шпионажа. Конзулот е прогласен за персона нон грата.

РИА Новости пренесува дека Тацунори „бил фатен на дело додека добивал доверливи информации за пари“. Податоците се однесуваат на „соработката на Русија со една од земјите од азиско-пацифичкиот регион, санкциите и нивното влијание врз Приморскиот крај“.

Претходно денеска, Јапонија ги прошири санкциите против Русија со забрана на извоз на стоки поврзани со хемиско оружје. „Јапонија е длабоко загрижена за можната употреба на нуклеарно оружје“, рече главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно. На списокот со санкции се додадени 21 руска научна лабораторија кои би служеле како крајна дестинација за извоз на материјали потребни за создавање хемиско оружје. Мацуно додаде дека Јапонија ќе продолжи да работи со меѓународната заедница за поддршка на Украина и санкционирање на Русија.

За време на Генералното собрание на ОН минатата недела, јапонскиот премиер Кишида Фумио ја искористи платформата за повторно да ја критикува Русија за „заканата од употреба на нуклеарно оружје“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…