(Видео) Митовски: Ова е државен рекет, дневно се затвараат по 10-20 ресторани, МВР за една година напиша 220 000

t

Во вечерашното издание на емисијата Тешки муабети на Инфомакс, се зборуваше за повеќе актуелни теми, меѓу кои и за рациите кои ги прават припадниците на Министерството за внатрешни во угостителските објекти во врска со почитувањето на ковид мерките односно задолжителното поседување на ковид сертификат.

За потсетување, пред неколку дена граѓанин од Гевгелија доби казна од 7000 евра. Потоа следуваа уште неколку рации во Кавадарци, Битола, Тетово и во Скопје.

Полицијата, наместо да се занимава со криминалци, се занимава со угостители коишто не можат на никој начин да утврдат идентитет и да потврдат дали на луѓето сертификатот им е вистински или не.

Редакцијата на Инфомакс повеќепати упати прашања до надлежните институции, но никој не одговара зошто се казнуваат угостителите за невалидноста на сертификатите на гостите и како угостителите можат да утврдат дали гостите имаат легитиен сертификат.

„Ова е државен рекет, не можам никако поинаку да го наречам“ коментираше Јанко

Митовски се надоврза дека сево оа се случува бидејќи буџетот е празен, нема како да функционира државата, да исплати плати, да ги сервисира секојдневните обврски и ова е еден од начините да се напплни државниот буџет. Тука

„Тука станува збор за поспектакуларни акции на полицијата, глумат правна држава, затоа што таму каде што навистина треба да има правна држава, а тоа е судот, обвинителствот нема, па глумат правна држава и покажуваат сила на ситна риба. Поентата е во оние акции кои полицијата не ги снима, кои пазарна инпекција не ги објавува, не пишува соопштенија колку казни напишале. Јас тврдам дека во Скопје на дневна основа има затворено преку 10-20 дуќани, ресторани, помали бизнисчиња. Дали на недела или месец дена, плус казна.“, вели Митовски.

Митовски потсети на прес конференцијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во кој тој соопшти дека 220 000 казни биле напишани минатата година.

„А убаво ќе се потсетиме на 2015 кога се протестираше на улица за казнување на луѓе, за полициска држава, а во тој период биле напишани 35-40 000 казни годишно. Шест пати повеќе се напишале казни минатат година во споредба со претходните и никој тоа не го искоментира, најмалку оние најповиканите, опозицијата“, потсети тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бојмацалиев: МВР работи исклучиво по закон за…

Денеска (24.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни…

И денеска можат да се подигнат готови…

Лични документи можат да се подигнат и…

МВР, ЈО и АНБ се комплетно подготвени…

Во врска со претстојните избори денеска во…

(Видео) Хеликоптерите на МВР исфрлија над 50…

Денеска (15.04.2024) Одделот за воздухопловни единици на…