(Видео) Митровски: Сомнително беше што ниеден портал близок до ВМРО-ДПМНЕ не пренесуваше за Законот за амнестија за 27 април
Порталите кои гравитираа околу политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не известуваа за законот за амнестија, што уште од почеток беше сомнително, вели во денешната епизода на Тешки муабети адвокатот Јанаки Митровски кој беше еден од иницијаторите на Законот за амнестија.
-Кога дојде гласањето, имам еден позитивен пример од таа партија, мене ми остави впечаток Дафина Стојановска дека се залага. Ние остваривме средба со координаторите на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, ДОМ, ДУИ, Моника Зајкова. Најкорекрен став имаа Морачанин и ЛДП, Зајкова.
Кога дојде гласањето, осум пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа, имаше грешка во систем дека Ели Панова не гласала. Јас се разочарав, подоцна ми се јави Иванка Василевска и стварно звучеше болно, но две пратенички беа на партиски настан во Битола со Христијан Мицкоски, кој можел и други луѓе да одбере за таму.
Некој ќе рече и со нив немало да се изгласа но моралниот аспект на поддршка е многу важен, јас како пратеник направив се и не можам ништо да кажам за другите.
Ние пуштивме барање да присуствуваме во галерија, не да земеме збор и после претседателот на Собранието Џафери вели дека не го примил барањето, а ние имаме заверен документ дека сме поднеле барање.
Се гледа јасно интенцијата да се угуши ова, вели Митровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…