(Видео) Мицкоски го “шитна” Орце Камчев, бара истрага за тоа на кои функционери и судии им давал пари

t

Црвенеење и обид за саботажа на прашањето ова се случуваше по состанокот на Христијан Мицкоски со Сојузот на стопански комори на Северозападна Македонија откако новинарот Фуркан Салиу постави прашање за ставањето на бизнисменот Орце Камчев на црната листа од страна на САД.

Иако имаше обид за саботажа на прашањето, Салиу остана доследен и истото го постави по што следуваше шокантен одговор од Христијан Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека многу го почитува мислењето на стратешките партнери мислејќи на САД поздравувајќи ја одлуката како добредојдена, а притоа и потврди дека имал повеќе средби како со Орце Камчев така и со уште едно лице на црната листа на САД, а тоа е градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Притоа Мицкоски побара не само да одговараат Камчев кој се нашол на црната листа, туку побара и истрага за сите функционери и судии кои наводно Камчев ги корумпирал.

-Што се однесува на вашето прво прашање јас исто така сум и неколку пати сретнувал и со градоначалникот на Струга, господинот Рамиз Мерко, но искрен да бидам и порано кажав и сега кажувам не мислам дека клучниот проблем е ниту лицето кое што вие го споменавте, ниту пак градоначалникот на Струга. Ако лицето кое што го споменавте е вклучено во таков тип на дејства прашањето е кој е корумпираниот каде се корумпираните, на кој список се корумпираните и кој се корумпираните. Мислам дека треба работите да ги гледаме отворено и на вистината да и погледнеме во лице. Се додека се обидуваме да политизираме, да водиме политика или ситно поликанство тогаш нема да одиме напред. Ние мораме прво да ги таргетираме тие кои што се корумпирани и ако се корумпирани, политичари судии или обвинители, или друг тип на јавни личности тогаш треба да видиме тие на кои список се и тој список час поскоро јавноста да го види. Иако јас повторно ќе кажам ние го цениме мислењето на сите наши стратешки партнери и тоа е добредојдено, но се додека самите не се завртиме кон нас, се додека самите не се впуштиме во безмилосна борба со криминалот и корупцијата вакви случаи ќе ни се случуваат уште многу во иднина, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека не се сеќава ниту дека Камчев донирал пари на ВМРО-ДПМНЕ…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…