(Видео) Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот
Македонија се позиционира како значаен енергетски и транспортен крстопат во регионот преку реализација на крупни инфраструктурни проекти во областа на транспортот, енергетиката, гасификацијата и железницата.
Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека изградбата на гасните интерконектори со Грција и Србија ќе овозможи диверзификација на изворите и правците за снабдување со природен гас.
Според Мицкоски, со овие проекти се создава вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, преку поврзување на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи со Централна Европа.
Предвидениот капацитет на овој енергетски коридор, како што наведува премиерот, ќе изнесува од 3 до 6 милијарди кубни метри гас годишно.
Реализацијата на инфраструктурните проекти треба да ја зајакне енергетската безбедност на земјата, да ја подобри регионалната поврзаност и да ја позиционира Македонија како важна транзитна точка во европските енергетски и транспортни коридори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен…
Македонија се позиционира како значаен енергетски и…
Трагедија во Богданци: Пронајден мртов 21-годишник покрај…
На 03.11.2026 во 18:40 часот Т.К. од…
Министерот Тошковски за случајот со Михаилова: Истрагата…
Три недели по откако Ива Михаилова замина…
„Канал 14“: Во Израел очекуваат Трамп да…
Во Израел проценуваат дека американскиот претседател Доналд…
Венс по изборниот пораз: „Причината поради која…
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја посочи…