(Видео) Мицкоски нема да формира влада по следните парламентарни избори: Има забрана за коалицирање со Левица
Дури и да победи ВМРО-ДПМНЕ на следните парламентарни избори, Мицкоски нема да може да формира влада и тие тоа си го шират како теза за да може да се спаси фотелјата на “лидерот”, вели уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во денешната епизода на “Тешки муабети”.
– Ако интересот на Груевски во 2016 година беше да го смени името ќе направеше влада со ДУИ и претспоставувам дека уште ќе беа на власт. Ако интересот на ДУИ како и тогаш е да биде близок партнер на европската заедница, ако интересот на заедницата се уставни измени, тоа е интерес и на ДУИ. Значи дека ВМРО-ДПМНЕ исто така ќе треба да го прифати ова.
Мислам дека на следните избори, што претпоставувам ќе бидат заедно со претседателските, не гледам ни финансиска логика да бидат одвоено, а нема цензус и за претседателските избори, за да направи ВМРО-ДПМНЕ влада без ДУИ треба да има плус 7-8 пратеници. Тоа ова не е возможно, ќе имаат 2-3 пратеници плус и тие лесно можат да бидат надминати со коалиција, едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ нема да направи коалиција со Левица затоа што не дозволува меѓународниот фактор.
Левица отпаѓа, остануваат Алијанса, Алтернатива, БЕСА, а за таква коалиција треба да се фати возот отсега. ВМРО-ДПМНЕ не може да направи влада, може и да победи на избори ама не може да направи Влада, нема да има разлика.
Шансите за ВМРО-ДПМНЕ се огромни, ама шансите не се искоритуваат, се анулираат, се издишува народ, се промашуваат пенали затоа што постојат причини познати само на лидерот и раководството на таа партија, вели Митовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
Трета опција: ДПМНЕ на дневен ред ќе…
ДПМНЕ на дневен ред ќе носи закон…
Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…
Левица бара од министерот за здравство, Арбен…
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…
СДСМ: Зошто ДПМНЕ го пушти Груби?
„За разлика од ДПМНЕ, СДСМ нема да…