(Видео) Мицкоски фатен во лага: Во 2018 година призна дека бил асистент кај татко му, а сега негира
Во гостување на подкаст на ТВ Сител на 02 март 2024, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски негираше дека бил асистент кај татко му, кога се вработил на Машинскиот факултет.
Сител: „Значи, не сте биле асистент кај вашиот татко, како што пишуваат политичките опоненти?“
Мицкоски: „Не, не, не. Добро сега, тоа е, нека си пишуваат, нека си кажуваат, тоа е политиката кај нас, за жал е таква каква што е, и не можам сега да навлегувам во тие детали“.
Но, во 2018 година, во гостување во емисијата „Само вистина“ Мицкоски одговори дека му бил асистент на неговиот родител:
Само вистина: „Значи, признавате дека сепак сте работеле со вашиот татко, дека сте биле асистент на Машинскиот факултет…“
Мицкоски: „Да, бев семестарот дел од асистентскиот тим кај мојот родител, точно…“
Само вистина: „…меѓу толку студенти на факултетот токму вие станавте асистент макар и на тој еден семестар, како што велите, каков е вашиот одговор? Зошто баш вас ве избра вашиот татко за асистент?“
Мицкоски: „Тоа е сплет на околности, јас меѓу другото во мојата асистентска кариера ете на Електро-машинскиот факултет во Скопје, бидејќи еден семестар бев и на Електро-факултетот, имам соработувано со најмалку дванаесетина професори. Еден од тие дванаесет, кој што исто така беше во тој период, сега е инаку во пензија, кој што исто така во тој период беше вработен на Машинскиот факултет, беше и мојот родител.“
Во 2019 година, во гостување на „360 степени“, професорката Гордана Силјановска-Давкова, тогашна кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата, беше прашана што мисли за случајот на непотизам во фамилијата Мицкоски, но тогаш тврдеше дека не знае за тоа.
360 степени: „Што мислите вие за тоа што лидерот на партијата што ве поддржува е вработен на факултетот на којшто работел неговиот татко?“
Силјановска Давкова: „- Не знам тоа.“
360 степени: „Не знаете дека Христијан Мицкоски е вработен…“
Силјановска Давкова: „- Не, не.. а, вработен на факултетот… се извинувам, мислев дека чув дека и нешто пострашно, дека бил асистент кај татко му…“
360 степени: „Бил, бил, 6 месеци бил асистент кај неговиот татко.“
Силјановска Давкова: „- Не знам. Не знам. Тоа да го прашате него…“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…