Објавено на:

(Видео) Момче и девојка осудени на 10 години затвор затоа што танцувале по улиците на Техеран

t

Иранската модна блогерка Астијаж Хакики (21) и нејзиниот вереник Амир Мохамад Ахмади (22) објавија видео на своите профили на Инстаграм на кое се гушкаат и танцуваат на улиците на Техеран, во близина на Кулата на слободата, а набргу потоа и двајцата биле уапсени. Сега, пишува Би-Би-Си, добиле комбинирана затворска казна од 10 и пол години за, како што се наведува, „промовирање на корупција, проституција и пропаганда“ и за „загрозување на националната безбедност“.

Апсењето, вели неименуван извор за Би-Би-Си, се случило недолго по објавувањето на видеото, а пред апсењето полицијата извршила претрес во станот на блогерката. Иако видеото не дава никакви индикации дека е насочено против режимот на власт или дека е дел од протестите што избувнаа низ земјата минатиот септември по смртта на Махса Амини (22), се чини дека репресивниот апарат заклучил дека уличниот танц има врска со демонстрациите.

Пресметка на режимот со противниците

Покрај затворските казни, тие добиле и забрана за користење на социјалните мрежи во траење од две години, а по излегувањето од затвор нема да смеат да ја напуштат државата во период од две години.

Ваквата пресуда е една од низата крајно строги епилози на конфронтацијата на власта со сите што ги гледа како нејзини противници, особено со оние кои решија да ги искажат своите ставови протестирајќи на улица. Во низата судски постапки беа изречени неколку смртни казни, а четири лица се веќе погубени.

Инаку, Астијаж и Амир Мохамад имаа речиси два милиони следбеници на нивните Инстаграм профили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски од Струга: На Македонија и е…

На Македонија ѝ е потребно национално единство…

Бербок: Германија не може да прифати Кина…

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска…

Курсна листа на НБРМ: Колку чинат валутите…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Абазовиќ: Србија да стави крај на членството…

Поранешниот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ,…

Денеска се празнува Свети Георгиј Исповедник

Заради големата добродетел што ја стекна со…