(Видео) Мојсоска до ДПМНЕ: Ревносно го бришете името МАКЕДОНИЈА онаму кадешто СДС не успеа
Во Законот за шуми, Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ предлага зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република СЕВЕРНА Македонија“, a зборовите: „Македонски шуми“ се заменуваат со зборовите „Национални шуми“!
Пратеничката од Левица – Јована Мојсоска побара оваа точка да се тргне од дневен ред:
„Македонските шуми со Преспанскиот капитулански чин не смеат да бидат македонски. Според капитулацијата, тие повеќе не се македонски! Преименувањето на македонски шуми е само уште едно од низата на национално обезличување, на бришење на идентитетот, на посебноста на македонската нација. На предавството на придавката македонско, македонска, македонски. на се она што е изнедрено од Македонија.’
Почитувани колеги од ДПМНЕ, ова не се мои зборови. Ова се зборови на вашиот портпарол – Наум Стоилковски од 2019 година. Токму она што за вас беше капитулација и предавство, вие сега го цементирате со овој закон!
Впрочем, и салата во која ние сега заседаваме се вика Македонија. Што да очекуваме, дека и нејзе ќе ја преименувате во процесот на ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА?“ – истакна Мојсоска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…