(Видео) Мојсоска: Фрапантни се барањата на Бугарија кон Македонија – Комисијата може да забрани филмови како “Трето полувреме”

t

Фрапантни се барањата кон Македонија од страна на бугарската држава, нагласи Јована Мојсоска, генерален секретар и член на Президиумот на Левица.

–  „Протоколот кој Бујар Османи го потпиша, кој првично не беше ни објавен, има фрапантни барања, кои за жал многу малку се дебатираат. Тоа е како зона којашто никој не смее да ја чепне затоа што може да се доведе во прашање божеството наречено евроинтеграции.

 Таму има барања, сите учебници, методолошки, да бидат буквално на увид на бугарската држава, за случајно да не има говор на омраза.

Оди до степен, дури и филмови кои се финансирани од државата, доколку утврди комисијата дека се провокација кон бугарската држава, да не бидат државно субвенционирани и да бидат забранети за прикажување, на пример филмови како „Трето полувреме“, рече Мојсоска во гостување во емисијата “Јади Бурек” на ТВ Сонце.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…

Изборите се многу тревожен сигнал за целото…

Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…

Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…

Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…

При обработени 98,99 отсто од записниците во…

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Бугарија оди во втор круг: Јотова и…

Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…