Објавено на:

(Видео) Навивачите на Црвена Ѕвезда претепаа навивачи на Глазгов Ренџерс пред нивниот хотел

t

Навивачи на Глазгов Ренџерс синоќа беа нападнати во Белград, градот во кој дојдоа да навиваат за својот тим во реванш-дуелот против Црвена звезда (18.45 часот) од осминафиналето во Лига Европа и тоа пред нивниот хотел.

На снимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа како дел од напаѓачите, за кои се верува дека се фанови на црвено-белите, се обидуваа да влезат во хотелот, по што дел од Шкотлаѓаните излегоа надвор и веднаш беа нападнати. Двајца од нив настрадаа најмногу, по што едниот успеа да побегне од клинчот и да се врати назад, додека вториот беше соборен на земја и потоа брутално тепан од сите околу него. За време на ова тепање, личноста која снима од хотелот вреска на цел глас барајајќи некој да му помогне на неговиот другар.

Колку и да беше тоа стравична сцена, нападнатиот шкотски навивач без проблеми стана по тепањето и без видливи потешки повреди се врати меѓу своите. Ренџерс во реванш-дуелот влегува со предност од 3-0 обезбедена пред една недела на „Ајброкс парк“.

Извор: Спорт1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) 50 полицајци повредени за време на…

Околу 50 полицајци се повредени како последица…

СРАМОТА: Одземени знамињата со сонцето од Кутлеш…

Во Националната Арена „Тоше Проески“ вечерва ќе…

Странски платеници во Украина учествуваа во крвава…

Странски борци на забава во пијана состојба…

Се степале двајца соседи во Аеродром

Двајца повозрасни соседи, во вторникот физички се…

(Видео) Тензии во украинскиот парламент за малку…

Тензии во украинскиот парламент (Врховна Рада), за…