(Видео) Над 100 луѓе загинаа во двата бомбашки напади во Иран
Европската унија побара сторителите на двeте експлозии во јужниот ирански град Керман кои загинаа најмалку 103 луѓе во толпата собрани за да го одбележат убиството на генералот Касем Сулејмани да бидат изведени пред лицето на правдата.
„ЕУ најостро го осудува денешниот бомбашки напад во градот Керман во Иран. ЕУ ја изразува својата солидарност со иранскиот народ. Овој чин на терор донесе шокантна бројка на цивилни жртви и повредени“, наведе портпаролот на ЕУ во соопштение.
Иранскиот министер за внатрешни работи Ахмад Вахиди, пак, изјави дека безбедносните сили ќе одговорат брзо и цврсто на двата бомбашки напади во кои загинаа повеќе од 100 луѓе.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите, кои може да се покажат како најтешки во историјата на земјата.
На одбележувањето четири години од ликвидирањето на иранскиот генерал Касем Сулејмани, во близина на неговиот гроб во јужниот ирански град Керман денеска се случија две експлозии при што загинаа 103 лица,а 140 беа повредени. Сулејмани беше задолжен за сите ирански воени операции на Блискиот Исток.
Во меѓувреме, по социјалните мрежи кружат вознемирувачко видео со тела на загинати по улиците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…
НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…
НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…
Во Иран се егзекутирани најмалку 900 луѓе…
Иран егзекутирал најмалку 900 луѓе од почетокот…