Полицијата забрани демонстрации во одредени делови на Париз

t

Париската полициска префектура донесе наредба со која се забрануваат собири и демонстрации во одредени делови на Париз, пред сè во централното градско подрачје, денеска од 8 до 20 часот.

Забраната се однесува на собири и демонстрации во близина на Елисејската палата, палатата Матињон, седиштето на францускиот премиер, Националното собрание, Сенатот, како и туристички локации како музејот Лувр и Елисејските полиња, пренесуваат медиумите.

„Присуството и движењето на лицата што учествуваат во поворки, дефилеа и собири што не се пријавени во согласност со законски утврдените услови се забранети во овие зони“, се наведува во наредбата објавена на платформата Икс.

Со забраната се опфатени и париските железнички станици, плоштадите Италија, Бастилја и Република, квартот Шатле-Ле Ал, островот Сите и областа со големите стоковни куќи.

Бранот масовни протести во Франција започна во средината на септември како локален штрајк и бунт на ученици и наставници во едно средно училиште во посиромашно предградие на Париз. Причина за протестите беа лошите услови во образованието, хроничниот недостиг од наставници, преполните училници и запуштените училишни згради.

Протестите се проширија во средните училишта и на факултетите низ целата земја, а беа проследени со масовни блокади и судири со полицијата.

На демонстрациите им се приклучија синдикатите, родителите и активистите од поранешното движење „Жолти елеци“. На првичните барања за реформа на образованието им се придружија и масовни улични протести против високите трошоци за живот, растот на цените на горивата и владините мерки за штедење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата забрани демонстрации во одредени делови на…

Париската полициска префектура донесе наредба со која…

„Ми го уништија животот за неколку часа“:…

Хасан се сеќава како се расплакал откако…

(Видео) Напнато во Париз: Уапсени демонстранти, запленето…

Француската полиција денеска до 11 часот уапсила…

(Видео) „Алах ме испрати да убивам жени“…

Три жени, меѓу кои и една бремена,…

Три жени повредени во напад со нож…

Уапсен е маж осомничен за напад и…