(Видео) Народ ќе плаќа за тие да јадат „бајадери“: Мицкоски ќе правел три нови министерства ако дојде на власт

t

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави зголемување на бројот на министерствата доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да создаде ново парламентарно мнозинство по изборите. Зголемувањето на бројот на министерствата го претстави како план за „озбилна трансформација на Владата“:

„Ние прво планираме една озбилна трансформација на Владата и тоа ќе биде коалициски договор. Во која смисла трансформација? Цениме дека прво треба да има рекомпонирање на Владата бидејќи оваа структура одговара на некои времиња од пред 25 – 30 година.“

На прашање на новинарот „Намалување на министерства?“, Мицкоски јасно кажа „Не“, и почна да ги набројува новите министерства: „Не. Едно е институции, а друго е министерства. Цениме дека министерството за економија е преголемо и не одговара соодветно на потребите на модерните времиња.

Оттука цениме дека наместо да имаме одделение или сектор во Министерството за економија, за енергетика, рударство и минерални суровини, имајќи предвид модерните потреби и потребите на државата и граѓаните, едно ново министерство за енергетика, минерални суровини и рударство е потребно да имаме.“

Покрај ново министерство за енергетика, минерални суровини и рударство, Мицкоски најави и ново министерство за дигитализација:

„Понатаму планираме јасно министерство за дигитализација, процес кој ќе има главна задача, намалување на корупцијата во институциите, а зголемување на транспарентноста и отчетноста. Министерство за дигитализација или проектот СМАРТ Македонија ќе ни биде еден од главните приоритети.“

Според Мицкоски, и Министерството за политички систем би останало, а би вовел и ново министерство за спорт:

„И конечно ценам дека спортот како главен амбасадор на една нација, една држава треба да добие свое министерство, односно министерство за спорт.“

Во 2019 година, во обраќањето до делегатите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ветуваше намалување на бројот на министерства: „Ќе дадам еден предлог, да се намали бројот на министерствата. Срамота е во земја која е една од најсиромашните да имаме 28 министерства, а Швајцарија да има седум“, изјави Силјановска Давкова пред да биде избрана за кандидатка за претседател на државата од страна на ВМРО-ДПМНЕ во 2019 година.

Ново министерство се оформува со измени на Законот за организација и работа на органите на државната управа, за чие менување е потребно двотретинско мнозинство.

Овој Закон е изменет и дополнет во 2002 година, но за прашања што значат реализација на принципот на еднаква застапеност на припадниците на зедниците кои не се мнозинство, без да се навлегува во организационата структура на државната управа. Сосема мал број одредби во овие законски иамени и дополнувања се содржани и за односот помеѓу централните и локалните административни органи во поглед на надзорот над законитоста на прописите и работата на
органите на локалната самоуправа.

Во 2010 година повторно се направени измени и допонувања на ЗОРОДУ, во насока на зголемување на бројот на министерствата. Имено, тогаш се создаде законски основ за формирање на Министесртвото за информатичко општество и администрација (МИОА), со што надлежноста за целата администрација во државата која претходно и припаѓаше на Министерството за правда, бше пренесена врз новото МИОА. Исто така, Агенцијата за државни службеници се преименува во Агенција за администрација и најголем дел од нејзините надлежности и беа одземени и пренесени во МИОА.

Последната измена на Законот беше во 2019 година кога по два неуспешни обиди поради немање кворум, со „трета среќа“ во Собранието беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со кој се формира ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…