(Видео) НАТО силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина
НАТО е посветен на дијалогот меѓу Белград и Приштина, стабилноста во регионот зависи од тоа сите страни да изберат дипломатија наместо насилство, велат од Алијансата.
По повод посетата на генералниот секретар Јенс Столтенберг на Западен Балкан, НАТО на социјалната мрежа „Х“ соопшти дека КФОР обезбедува безбедна средина за сите заедници во Косово.
„КФОР обезбедува безбедна средина во Косово за сите заедници. Тие објективно ќе ја продолжат својата работа во согласност со мандатот на ОН“, соопшти НАТО.
Како што наведоа, целта на НАТО е да обезбеди мир и стабилност во регионот.
„Стабилноста во регионот зависи од тоа сите страни да изберат дипломатија наместо насилство. НАТО силно го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина под покровителство на ЕУ. „Двете страни мора да се ангажираат со добри намери“, соопшти НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…
НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Бугарскиот министер за одбрана: Побаравме од НАТО…
Интензитетот на нападите во Црното Море се…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…