(Видео) Најмалку 15 полицајци загинаа во самоубиствен напад во Пакистан
Најмалку 15 полицајци загинаа во самоубиствен напад врз полициска станица во северозападната пакистанска покраина Хајбер Пахтунхва, во близина на границата со Авганистан, јави ДПА, повикувајќи се на официјални извори.
Нападот бил извршен во округот Бану, каде што доцна во текот на ноќта автомобил натоварен со експлозив удрил во полициска контролна станица. По силната експлозија следувала интензивна престрелка.
Одговорноста за нападот ја презеде вооружената група Итехад-ул-Муџахидин.
„Најмалку 15 полицајци беа убиени“, изјави за ДПА регионален полициски службеник.
Тој додаде дека уште тројца полицајци биле повредени во нападот.
Во моментот на нападот, во полициската станица се наоѓале вкупно 18 полицајци.
Силната детонација целосно го уништила полицискиот објект, а било уништено и оклопно возило.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Напад на бомбаш-самоубиец, најмалку 14 загинати…
Најмалку 14 лица, меѓу кои и полицајци,…
(Видео) Нападнат е Иран, одекнуваат експлозии во…
Израел започна воздушни напади врз централен и…
Деветмина загинати во израелски воздушен напад над…
Во денешните израелските воздушни напади врз јужен…
Нарачал производи, па го ограбил и натепал…
На 05.06.2026 во 22:30 часот во СВР…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…