(Видео) НЕВИДЕН СКАНДАЛ на ждрепката за ЕП 2024: За време на церемонијата се слушна гласно женско стенкање

t

Ждрепката за ЕП 2024 вчера ја одбележа невиден скандал.

За време на церемонијата, додека милиони гледачи го следеа преносот на ТВ приемниците, се слушаше звук на женско стенкање од филмови за возрасни.

Гледачите беа шокирани од ваквата ситуација за време на директниот пренос, токму кога беше извлечена Италија во четвртата група.

Видеото стана хит на социјалните мрежи, а звуците кои одекнуваа во салата предизвикаа непријатност кај водителката и учесниците.

Англискиот комичар Даниел Џарвис на својот профил на социјалната мрежа Х објави видео на кое покажува како за време на пренос во живо од една соба се јавува на мобилен телефон што го оставил во салата во Хамбург, местото каде што е влечена ждрепката.

Не му се непознати вакви несолени шеги.

Тој веќе направи слична акција на ждрепката на англискиот ФА Куп. На почетокот на снимката тој нагласи дека е во Хамбург, а малку подоцна објави видео од салата каде, како што тврди, го оставил мобилниот телефон.

Во коментарите, меѓу другото, може да прочитате дека поради ова би можел да заврши во затвор, а се потсетува дека има 40 години и дека е несериозен за своите години.

Сепак, има многу на кои целата приказна им е смешна. Но, прашање е дали Џарвис навистина стои зад се.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ждрепка за утврдување на листата за претседателски…

Денеска во Државната изборна комисија ќе се…

(Видео) НЕВИДЕН СКАНДАЛ на ждрепката за ЕП…

Ждрепката за ЕП 2024 вчера ја одбележа…

Австралија им се извини на жртвите од…

Скандалот со талидомид е „едно од најтемните…

Македонија денеска во 15 часот против Украина…

Фудбалската репрезентација на Македонија, по ремито со…

Скандалот Онкологија „метастазира“ и во соседството?

Од обвинителството потврдуваат дека преку каналите за…