(Видео) Невреме во неколку градови во Македонија: “Пловни” станаа Велес, Кавадарци, Крива Паланка…
Попладнево повторно силно невреме ја зафати нашата земја, а како што јавува Центарот за управување со кризи, најпогодени се Крива Паланка, Велес и Кавадарци.
Од ЦУК посочуваат дека од силниот пороен дожд кој во попладневните часови ја зафати територијата на општина Крива Паланка надојдена е реката Латковица кај с. Огут. Од надојдената буица-вода кај пропустите на патот прекинат е сообраќајот на регионалниот патен правец с.Огут кон с. Нерав. Регионалниот пат води кон граница со Република Србија.
За настанот веднаш се известени Градоначалникот на Општина Кррива Паланка како и Раководителот на Македонија пат Подружница Крива Паланка.
Од ЦУК информираат исто така дека, поради обилните врнежи од дожд во градот Велес, ТППЕ Велес интервенираше на поплава на 2 деловни објекта на улица Благој Горев и на поплавена куќа на улица В.Атанасов 22 во населба Превалец.
– На регионалниот пат од Кавадарци-Прилеп, кај тунелите од силното невреме е пријавено надоаѓање на поголема количина на вода со опасност за излевање. Веднаш беа известени субјектите во СУК и беше стапено во контакт со лицето од ЕЛС Кавадарци кое не извести дека е стапено во контакт со изведувачот на тој патен правец и дека во случај на излевање на реката, во содејство со изведувачите на автопатот – Сино Хидро ќе интервенираат со нивни машини за да не дојде до излевање и поплавување на патот – нагласуваат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…
Најмалку 165 загинати во разорни поплави во…
Најмалку 162 лица загинаа во Непал, а…
Силна бура зафати дел од Шпанија —…
Поплава и свлечиште предизвикани од поројни дождови…
Од утре нема плаќање во готовина во…
Од утре патниците во градскиот и приградскиот…
10 години од поплавите во Скопје во…
Скопје денеска одбележува десет години од невремето…