(Видео) Нема да постојат тајни: Америка лансираше шпионски сателит во орбитата
Американската разузнавачка агенција објави дека успешно е лансиран нивниот нов шпионски сателит, кој во орбитата го лансираше ракетата „Фалкон 9“ на приватна компанија која се занимава со производство на вселенски летала и вселенски летови „Спејс Икс“.
Според Националната служба за разузнавање , задолжена за изработка и управување со американската воена сателитска мрежа, ракетата со сателитот НРОЛ-87 полетала во средата во 12.27 часот по локално време од воената база Ванденберг во Калифорнија.
Откако сателитот беше лансиран во орбитата, ракетата „Фалкон 9“ се врати во базата.
Сателитот беше дизајниран и конструиран од NRA, која даде малку детали за сателитот, наведувајќи само дека ќе обезбеди „широк опсег на навремена разузнавачка служба“, според АФП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…