Објавено на:

(Видео) Не ја оставаат на раат: Нова снимка од финската премиерка, овојпат во прегратка на жена

t

Финската премиерка Сана Марин со денови беше изложена на критики откако видеата од нејзиното „забавување“ се појавија во јавноста. Сега се појави ново видео, на кое се гледа како 36-годишната Марин се забавува провокативно танцувајќи со 33-годишната инфлуенсерка Сабина Сарка.

Видеото е снимено на преполн подиум за танцување во ноќен клуб каде Марин веќе бил снимена како танцува со познатиот 38-годишен фински пејач Олави Уусивирт. Медиумскиот притисок доведе до тоа Олави да мора да ги демантира шпекулациите дека двајцата се во романтична врска, пишува „Дејли мејл“.

Таблоидот истакнува дека финската премиерка и на двете снимки е облечена исто, во фармерки и црн топ без ракави, што навестува дека и двете видеа се снимени во иста вечер.

Сарка, поранешна мис на Финска, која ја претставуваше Финска на изборот за Мис на светот 2012 година, се појави во бројни реални шоуа, а пред само една недела објави дека се разделува од својот сопруг Оси Кивимаки. Двојката се венча во Грција во 2019 година. Минатата година објавија дека ќе се преселат од Хелсинки во стогодишна колиба која ја нарекоа „куќата на нивните соништа“.

Како што јавува „Дејли мејл“, видеото очигледно е снимено во зори, бидејќи сончевите зраци се гледаат низ балконскиот прозорец на популарниот ноќен клуб „Клуби“. На видеото се гледа и како останатите посетители на клубот очигледно добро се забавуваат и се изненадени што во нивно друштво е и премиерката.

На една снимка, еден од учесниците на забавата може да се слушне како извикува „брашно банда!“, што доведе до шпекулации дека премиерката се дрогира, бидејќи „брашно“ е сленг за кокаин во Финска. Марин минатиот петок одржа прес-конференција на која негираше каква било употреба на дрога и доброволно се подложи на тест за опијати, кој се покажа негативен. Таа рече дека консумирала само алкохол. Додала и дека за време на своето забавување не видела некој да зема дрога.

Сепак, финските таблоиди не и простуваат ништо, па во најновите извештаи на таблоидот „Сеиска“, до кој е испратено видеото, се наведува дека таа танцувала со Сабина на многу интимен начин и имала раширени нозе. Марин е омилена во Финска, па објавата на таблоидот „Сеиска“ предизвика негодување кај јавноста, која го смета за „болен“ напис.

„Дејли мејл“ истакнува дека на снимката се гледа како Марин танцува со тројца непознати мажи, по што таа седнува во скутот на двајца од нив.

„Во тоа нема ништо специјално, ништо интересно, ова е само жена која се забавува“, напишал еден од нејзините следбеници на социјалните мрежи. Друг додач: „Не знам што е полошо, да се прашувате зошто две жени танцуваат заедно или да се инсинуира дека Сабина не е добро друштво за мажените жени!?

Жените ширум светот ја изразија својата солидарност со премиерката Сана Марин објавувајќи видеа на кои танцуваат во различни ситуации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марин: Нема да има нуклеарно оружје на…

Прашањето за распоредувањето на базите на НАТО…