(Видео) Ние што ќе правиме, ќе правиме ќе си ги дочекаме внучињата како што е ред: Секој следен Божиќ поскап и поскромен!

t

Цените се повисоки од лани, се е поскапо и божиќната трпеза ќе биде поскромна оваа година но “ние бабите ќе правиме што ќе правиме и ќе си ги дочекаме внуците како што треба” велат граѓаните кои ги сретнавме на пазар во Скопје.

Амосферата беше весела, сите се празнично расположени иако сите велат дека поскапите цени значат купување само основни намирници, а еден граѓанин се пошегува па кажа дека прасиња годинава ќе гледаме само на слика, не и на трпеза.

– Скапо е, со една пензија не се преживува, кој зема две пак се турка некако, со една не бива, велат купувачите.

Една госпоѓа кажа дека “ние бабите ќе правиме што ќе правиме и ќе си ги дочекаме внучињата, се ќе им направам на моите внуци, а колку имам, да е жива пензијата”…

Продавачите велат дека цените ги намалиле колку што можат, но дека потрошувачката од година во година се намалува, секој купува за да има од се по малку, колку да се испочитува традицијата.

– Се е поскапено, веќе не знаеме што е скапо, што е поскапо, што не е, вели искрено еден граѓанин.

Некои луѓе мислат дека колку и да поскапеле цените сепак навиките остануваат, а православните и годинава иако ќе потрошат повеќе во споредба со лани, сепак ќе ја испочитуваат традицијата и нема да штедат за празникот.

Ние го прашавме и министерот Бектеши дали Владата направила нешто за намалување на цените во претпразничниот период и дали инспекторите на терен проверуваат дали има претпразнични зголемувања на цените на пазарите и во маркетите, но министерот поради “набиената агенда” не најде време да ни одговори на прашањата.

На нашите прашања не одговорија и од кабинетот на министерот, очогледно и тие имале набиена агенда па во текот на целиот вчерашен ден не најдоа време кратко да одговорат на три прашања.

Купувачите и продавачите сепак си го кажаа своето, цените се повисоки од лани, стандардот опаѓа од година во година, секој следен Божиќ се прославува поскромно од претходното, а бабите мака мачат да врзат крај со крај за да си ги дочекаат внучиеата како што е редот…

ЛИНК од анкетата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Благ пораст на цените на храната на…

Цените на храната благо пораснаа во април,…

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Цените на суровата нафта достигнаа петмесечен максимум

Цените на суровата нафта се зголемија за…

Законот за нефер трговски практики да важи…

Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…

Реформа во Грција ги намали цените на…

Потрошувачите во Грција ќе забележат намалувања на…