(Видео) Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал?
Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата.
Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури и генерал-полковник во руската армија. Сепак, во моментов нема официјална потврда за неговиот чин или позиција.
Според рускиот истражен комитет, експлозијата се случила околу 5:30 часот по локално време, додека возилото се движело во близина на станбена зграда на улицата Колдунова, во областа Авијаторов.
Рускиот канал на Телеграм, 112 објави детали според кои експлозивната направа била поставена под седиштето на возачот. Мажот, според истите извештаи, починал на местото на настанот од тешки повреди.
Областа Авијаторов, каде што се случи експлозијата, беше изградена наменски за припадници на руските вооружени сили и нивните семејства. Становите, наводно, биле доделени преку руското Министерство за одбрана на воени пензионери, ветерани и семејства на активни воени лица.
Според независниот руски медиум „Астра“, денешниот инцидент се случил на помалку од еден километар од локацијата каде што, во април 2025 година, генерал-потполковник Јарослав Москалик, заменик-началник на Главната оперативна дирекција на рускиот Генералштаб, беше убиен во сличен напад со автомобил-бомба.
🤨 A car exploded in a suburb of Moscow on June 9, killing the driver instantly.
The blast occurred in the Aviatorov neighborhood—a district heavily populated by military families—where Russian General Yaroslav Moskalik was assassinated in a similar car bombing. pic.twitter.com/GbtAuUW28L
— UNITED24 Media (@United24media) June 9, 2026
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Нова ликвидација во близина на Москва:…
Руските власти сè уште официјално не го…
ЕУ предложи нов 21-ви пакет санкции за…
Европската комисија (ЕК) денеска го предложи 21-от…
Повредена жена примена на клиниката за Гинекологија
Дваесет и деветгодишна жена од скопско вчера…
Состојбата со инфлацијата се следи, ако треба…
Владата ќе ја следи состојбата во текот…
(Видео) „Нема вам да ви докажувам“ –…
Стефан Богоев денеска излезе од притвор, откако…