Објавено на:

(Видео) Нова трагедија во Иран: Сурово убиена уште една девојка затоа што не носела хиџаб!

t

Хадис Наџафи, 20-годишна жена застрелана и убиена од безбедносните сили на Иран, стана најновиот симбол на трагедијата, изливот на тага и пркосот што ги карактеризира националните протести во Иран од нивното започнување на 16 септември, пренесуваат  иранските медиуми.

Новинарката и застапничка за правата на жените Масих Алинеџад ја објави смртта на Наџафи на 25 септември, објавувајќи го нејзиното име и видео од неа заедно со деталите за нејзината смрт: шест пати застрелана од властите откако си ја врза косата без шамија и смело зачекори среде протестот во Карај.

Сликите и видеото на Хадис се широко споделени на социјалните мрежи. Според извештаите на медиумите, таа се здобила со повреди во стомакот, вратот, срцето и раката на 21 септември. По нападот на безбедносните сили била пренесена во болницата Гаем, каде подоцна починала.

„Имаше само 20 години“, рече сестрата на Хадис. „Нејзиното срце беше скршено за Махса Амини. Таа рече дека нема да молчи. Ја убиле со шест куршуми“.

Речиси 200 милји подалеку во Рашт, се појавија извештаи дека студент по археологија уапсен за време на протестите не добил пристап до медицински третман откако претрпел напад со нож во затворот Лакан во Сабзе Мејдан, Рашт.

Семејството на Алиреза Гамгосар, кој студира на Универзитетот Кашан, вели дека тој сега се лекува во клиника. Тие велат дека Гамгасар им рекол за време на телефонскиот разговор на 25 септември дека бил прободен во грб откако бил приведен на 21 септември. Нема детали за нападот, ниту за тоа кој го избодел.

Официјалните медиуми во Иран објавија дека 35 лица загинале за време на неодамнешните протести, но неиранските медиуми и други неофицијални извештаи инсистираат на тоа дека бројот на загинати е многу поголем, според некои информации повеќе од 80 лица, дел од нив деца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Или сте со нас, или против нас“…

Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…

Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…

Вкупно 757 американски војници се ранети од…

Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…

Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…

НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…

НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…

Во Иран се егзекутирани најмалку 900 луѓе…

Иран егзекутирал најмалку 900 луѓе од почетокот…