Објавено на:

(Видео) Нов инцидент со авион на Боинг, опасно слетување во Истанбул

t

Товарен авион на „Боинг Федекс ерлајнс“ слета на аеродромот во Истанбул во средата без спуштена предна опрема за слетување и успеа да остане на пистата, соопшти турското Министерство за транспорт, додавајќи дека нема жртви.

Боингот 767, кој летал од аеродромот Шарл де Гол во Париз, ја известил контролната кула на аеродромот во Истанбул дека неговата опрема за слетување не е активирана и слетал со насоки од кулата, се вели во соопштението на Министерството. Спасувачките и противпожарните екипи на аеродромот ги направија неопходните подготовки на пистата пред слетувањето, а нема повредени, додаваат од Министерството, без да ја прецизираат причината за дефектот.

На видео снимката се гледаат искри и чад околу авионот додека предниот дел на авионот ја струга пистата пред да биде испрскан со противпожарна пена.

Пистата на која слета товарниот авион е привремено затворена за авиосообраќај, но сообраќајот на останатите писти на аеродромот се одвива без прекин, соопшти аеродромскиот оператор ИГА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ален: САД ги охрабруваат лидерите на Македонија…

САД го поддржуваат Преспанскиот договор со Грција…

Сиљановска Давкова: Минатото со Бугарија не ни…

Не мислам дека минатото ни е романтично,…

Пронајден e урнатиот хеликоптер на претседателот на…

Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер…

Ирак и Азербејџан нудат помош во потрагата…

Во отежнати временски услови трае потрагата по…

Бајрами: Курти да поднесе оставка, нема да…

Потпретседателката и пратеничка на опозицискиот Демократски сојуз…