(Видео) Обвинителството молчи – Зошто РЕК Битола цел месец остана без мазут: Колку милиони евра зема Роштиљ од државата за тендери?

t

Енергетската хаварија во Македонија го остави Скопје и скоро половина Македонија без струја минатата недела.
Прекинот на снабдувањето со струја траеше повеќе од еден час во Скопје, а во неколку градови во Македонија, како на пример Свети Николе, Велес и Штип, прекинот траеше и подолго.

Како причина за прекинот со снабдување со електрична енергија се наведува повлекувањето на поголема количина струја преку линијата Штип-Ниш од тоа што енергетската мрежа може да поднесе, поради што се случи експлозија на кондензатор, а потоа и пожар во трафостаница во Пинтија.

Мрежата била оптоварена четири пати повеќе од капацитетеот што го има, односно, капацитетот на мрежата на далноводот бил 110 киловат часови електрична енергија, а во моментот на повлекување на електричната енергија преку трансферзалата Ниш-Штип, биле повлечени 400 киловат часови електрична струја.

Повлекувањето на преголема количина на електрична енергија и набавката на истата од европскиот пазар на електрична енергија се случува поради недостаток на домашно производство на електрична енергија, што според експерите е резултат на недомаќинското и непланско работење на Владата, ЕЛЕМ и МЕПСО како институции кои се одговорни за енергетската стабилност во државата.

– Втората е поради големите и масовни партиски вработувања пред изборите, со што се зголемија драматично цените за вработените во компаниите што се во државна сопственост, како што се МЕПСО, МЕМО, поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ и третата суштинска работа е пред изборите во насока на поткуп на гласови само во поранешно ЕЛЕМ, сегашно ЕСМ, беа исплатени под превезот на К15, тринаесетта плата, репер за годишен одмор, по 26.000 денари од вработен. Сето ова недомаќинско работење, сите овие погрешни политики предизборно, денеска ќе ги чинат граѓаните повисока сметка 7.4 отсто, повтори Мицкоски во неколку наврати.

За прекинот на снабдување со електрична енергија, тивката рестрикција и состојбата на домашните капацитети се зборуваше во емисијата “Тешки Муабети” која се емитува на Фејсбук страната на Инфомакс секоја недела во 21 часот.

– Енергетските комбинати во државата се во лоша состојба, со руинирана инфраструкрура и дополнително има недостаток на ресурси за производство на електрична енергија,- коментира Митовски.

“Очекувам од Обвинителството да го викне бизнисменот што добил тендер во ноември и декември. РЕК Битола останува без мазут, поради што пука вториот блок, па првиот, работи само третиот, па се пали и трафостаница. Зошто обвинителството нема предмет за фирмата „Супер Трејд“, на познатиот бизнисмен Роштиљ.

Зошто 34 дена РЕК Битола е без мазут, клучен за производството на струја. Еве, ќе почекаме на Вилма и Лиле, зошто не работи РЕК Битола кога треба најмногу, додека увезуваме скапа струја. Зошто пред ова да се случи беа испразнети хидро-акумулации и каде отидоа парите од продажбата на струја.” – праша Митовски.

Мазутот е ресурс кој е клучен за производство на електрична енергија со јаглен. Заради нискиот квалитет на јагленот, во процесот на производство на струја потребно е тој да се попрска со мазут за да се олесни процесот на горење. Токму недостатокот на мазут во овој период во РЕК Битола е причина за хаваријата на комбинатот.

Во периодот за кој зборува Митовски постои криза во РЕК Битола и комбинатот функционира со само еден блок, додека другите два се надвор од функција.

Според одредбите на Законот за јавните набавки, договорниот орган е должен да врши контрола на исполнувањето на договорот, што значи дека во случајов РЕК Битола и ЕЛЕМ имале обврска да го раскинат договорот и да направат интервентна набавка на мазут, по што требало да следи распишување на нов тендер за набавка на потребните количини мазут.

Договорот не е раскинат иако набавката доцни повеќе од месец дена. Во ваква ситуација Јавното Обвинителство има обврска да започне случај за расчистување на спорната ситуација со ненавремената испорака на мазут, бидејќи законските процедури во случајов не биле испочитувани.

Ненавремената достава на мазут од страна на компанијата “Супер Трејд”, во која сопственик е Владимир Стајиќ – Роштиљ предизвикала хаварија во најголемиот комбинат за производство на електрична енергија, РЕК Битола.

Претходно, непосредно по случката во РЕК Битола, Владата најави дека за да се надомести загубата од нефункционирање на два блока во РЕК Битола, во функција ќе бидат ставени и ќе биде засилено производството на ТЕЦ Неготино и Осломеј.

Наместо одговорност за компанијата “Супер Трејд” и нејзиниот сопственик, непосредно по хаваријата владата одлучи  штетата да ја покрие од државниот буџет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По барање на Левица, МОН ги одзеде…

Секој ученик заслужува безбедна образовна средина. Драматичните…

(Видео) Огромни огнени пламени голтнаа цел трговски…

Голем пожар избувна во трговскиот центар Арши…

(Документи)СКАНДАЛ ВО ВЕЛЕС: Местеле тендер за да…

Плодна е "љубовта" меѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ…

Земјотрес ја стресе Македонија утринава

Земјотрес утрово е регистриран во Македонија. Според…

(Видео) Големи немири и подметнати пожари го…

Полициски автомобили и автобуси беа запалени откако…