(Видео) Орбан ги шокираше соседите: Отиде на фудбалски натпревар со шал од голема Унгарија!
Унгарскиот премиер Виктор Орбан се појави на фудбалски натпревар со Грција наде носеше навивачки шал каде е претставена земјата во границите од пред 1920 година, кога Будимпешта држеше територии кои сега се дел од Романија, Хрватска, Словачка, Србија, Австрија и Украина.
Унгарците во неделата во Будимпешта ги победија Грците во пријателски натпревар со резултат 2:1. Орбан на социјалните мрежи објави видео од збогувањето со пензионираниот играч на репрезентацијата Балаж Џуџак.
Сликата на земјата во старите граници често се користи во сувенири и за време на официјални настани. Знамињата на Секели, романски регион порано дел од Унгарија, каде што живеат етнички Унгарци, постојано се закачени на зградата на парламентот во Будимпешта, тие можат да се видат за време на патриотските поворки низ градот. Орбан секоја година одржува говор во романскиот град Баиле Тушнад, каде Унгарците сочинуваат 90 отсто од населението. Официјален Букурешт постојано протестираше поради употребата на симболот на територијата која сега е дел од Романија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…
Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…
Маѓар: Неприфатливо е никој да не биде…
Премиерот на Унгарија, Петер Маѓар, денес изјави…
Европската комисија предложи одблокирање 4,2 милијарди евра…
Европската комисија денес соопшти дека предложила одблокирање…
Унгарија протерува 10 руски дипломати поради „неприфатливи…
Унгарската влада нареди 10 руски дипломати да…
Од јахти и приватни авиони до десетици…
Новиот унгарски премиер Петер Маѓар и неговата…