(Видео) Ослободување на обвинетите во “Делчевски ниви” дел од “договорката” за внесување на Бугарите во Уставот?!
Случајот “Делчевски ниви” ќе се користи како случај за убедување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставни измени, вели во денешната епизода на САЈБЕР КОМАНДА Филип Петровски кој објаснува дека во кулоарите на големо се зборува за оваа можност, а постојат и муабети дека “работата е веќе договорена”.
– Делчевските ниви беше голем скандал во кој беа вмешани ликови од првиот круг на Мицкоски, имињата на луѓето се повеќе од познати, случајот е повеќе од јавен и јасен, случајот е истражен, дел од луѓето беа во притвори но јас ќе потсетам за што се работи и зошто го правам ова.
Делчевските ниви се една извондредна досетка, мислма дека се рбаоти за организиран криминал, тој се санкционира со потешки казни во Кривичниот законик бидејќи се работи за група која се организирала, смислила и сторила криминал. Случајот е истражен, нели им ги запленија телефоните, без во притвори итн.
Во меѓувреме тој случај запре, постојат одредени кулоарски муабети, а во секој муабет има пола вистина, дека со случајот Делчевски ниви се тргува за да се направат уставните измени. Ова е сериозна работа од повеќе аспекти.
Веќе имаше недозволена промена на Уставот со осум пратеници на Мицкоски, беше тргувано, за да не одговараат беше донесен закон за амнестија и луѓето го променија името и никому ништо. Тие исти луѓе беа формално прогласени од ПР стратезите на Мицкоски за предавници, проклетници, целото членство ги стигматизираше и ги отфрли но се појави серија на разговори на интернет, кои се водени после промената на името, во кои разговори Мицкоски им вели на дел од тие пратеници дека мсета на нив.
Делчевските ниви најверојатно се користат како елемент, притисок за промена на Уставот, се плашам дека таа е таа трговија.
Подобро да кажам што знам, отколку да не кажам, ада се случи, вели Петровски.
Во продолжение прочитајте повеќе за заканите кон Филип Петровски и Инфомакс и проследете ја целата епизода на САЈБЕР КОМАНДА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
