(Видео) Османи на средба со поранешните македонски амбасадори во Софија – меѓу нив и Марјан Ѓорчев

t

Од Министерството за надворешни работи соопштуваат дека министерот Бујар Османи остварил средба со поранешните македонски амбасадори во Софија.
Средбата била остварена со цел пошироко консултирање со искусните дипломати во врска со спорот на Македонија со Бугарија.

Го пренесуваме соопштението на МНР во целост:

“Османи на средба со поранешните амбасадори во Софија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари средба со поранешните амбасадори на Република Северна Македонија во Република Бугарија –Никола Тодорчевски, Александар Василевски и Марјан Ѓорчев. Средбата беше реализирана како дел од пошироките консултации на министерот Османи со истакнати личности од областа на надворешната политика, а поврзано со актуелниот политички дијалог со Република Бугарија.

Османи ги запозна соговорниците со текот на разговорите, меѓусекторската соработка, рефлектирана преку воспоставените работни групи и континуираните средби на највисоко политичко ниво.

Беше нагласено дека надминувањето на отворените разлики, претставува стратешки интерес и за двете држави, за што постои цврста волја и посветеност, која може да се огледа во динамиката на дијалогот меѓу двете Влади и одржувањето на заедничката Владина седница, на крајот на јануари.

Османи изрази интерес за нивните ставови, имајќи го во предвид нивниот мандат во Софија и доброто познавање на земјата.

„Го ценам Вашето искуство и запознаеност со околностите во односите на нашата држава со Република Бугарија и во оваа фаза на разговори, секоја сугестија и размислување е добредојдена и корисна, со цел размена на мислења и креирање на кохезивност за клучните прашања од стратешки интерес за нашата држава“, заклучи Османи.

Воедно, министерот Османи ги информираше своите соговорници дека во тек е процедурата за назначување на нов амбасадор во Бугарија.

Скопје, 22.02.2022 г.” – Стои во соопштението.

https://www.facebook.com/bujar.osmani.7/videos/2976088135942341/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митрофанова: Русија може да си ги пемести…

Русија може да размисли за преместување на…

Вулин се сретнал со Шојгу: Рускиот министер…

Доскорешниот директорот на Безбедносно-информативната агенција на Србија,…

(Видео) Тепачки во Софија: Се отстранува споменикот…

Денеска во Софија официјално започна демонтирањето на…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ќе има ли средба Блинкен-Лавров во Скопје?

Американската страна не побарала средба меѓу рускиот…