(Видео) Османи нема информации кои лица ќе бидат на црната листа на САД но ќе даде целосна поддршка кој и да се најде на неа
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека нема информации за тоа кои македонски државјани би можеле да се најдат на црната листа на САД.
– Тоа е право на Владата на САД кои имаат неколку механизми преку кои санкцинонираат, едно преку таканаречената извршна наредба на претседателот Бајден со која се санкционираат сите кои ја нарушуваат безбедноста во регионот, оние кои не го почитуваат Охридскиот рамковен договор, Преспанскиот договор или ја нарушуваат стабилноста и мирот во Македонија или во регионот, но и останатите механизми на САД. Тоа е важен комплементарендел во нашата борба против корупцијата, се разбира немаме такви информации (кој би можел да се најде на листата), но САД ја имаат целата наша поддршка и барање да ни помогнат во справување со корупцијата и организираниот криминал како едне од најголемите ризици за стандардот на граѓаните, но и за стабилноста на земјата, вели Османи.
Претходно американската амбасадорка во Македонија, Анџела Прајс Агелер, најави дека САД нема да има само една црна листа за Македонија и дека на тие црни листи кои се подготвуваат ќе бидат опфатени политичари, судии, бизинсмени од земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…