(Видео) Османи: Се проширува палетата на рестриктивни мерки кон лицата на „црната листа“ – Можно е раскинување на концесиите?!

t

Се дополнува палетата на рестриктивни мерки кон лицата кои се на американската црна листа, доколку се донесе предлог-законот, истакна на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Се дополнува палетата на рестриктивни мерки, покрај забрана за влез, ембарго и финансиски мерки, се додаваат уште две нови. Бидејќи имаше дилеми по однос на тоа дали Владата може да воведе рестриктивни мерки пред донесување на правосилна одлука, ние заклучивме дека по добиената информација дека има правен акт од САД, ОК, ЕУ, предлагачот (МНР, МВР, ЈО, АНБ, финансиско разузнавање имаат можност да предлагаат донесување на рестриктивни мерки) иницира собирање и пренесување на сите информации и факти до ЈО. ЈО е должно веднаш да отвори процедура согласно ЗКП, роковите и процедурите, но Јавниот обвинител е должен да бара веднаш привремени мерки за обезбедување, тоа се два инструмента, едното е забрана за учество на кандидирање за јавна функција, вклучувајќи и избори и доколку лицето е носител на јавна функција, привремено суспендирање до донесување на правосилната одлука.

И воторо, доколку се работи за правни лица, се забранува учество на процедури во кои се вклучени државни финансии, сите аспекти на аранжмани со државата, истакна Османи.

Министерот одговори на прашањата на Инофмакс дали законот ќе важи и за веќе склучените договори и концесии, особено за концесиите бидејќи тие имаат различни последици за разлика од обичните тендери.

– По однос на јавните набавки законите не бажат ретроактивно, апелирам до пратениците да го одобрат законот. Ќе има усогласување на другите закони, во овој закон не ги третираме во детали тие аспекти, во усогласените закони се третираат тие прашања. Институциите добија задолжение сите закони кои треба да бидат изменети да се подготват предлози и во моментот кога ќе биде изгласан законот во Собранието институциите ќе почнат да ги даваат нивните предлози за измени на законите, вели Османи.

Во врска со тоа дали министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го поддржале законот, министерот Османи не сакаше да го коментира неговиот став, но истакна дека министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски присуствувал на седницата.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бајден ќе воведе санкции и визни забрани…

Американскиот претседател Џозеф Бајден има намера наскоро…

Блинкен го повика Хамас да го прифати…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска го…

Во САД уапсена претседателската кандидатка Џил Стајн

Кандидатот на Партијата на зелените за претседател…

Бајден е најмалку популарниот американски претседател во…

Според резултатите од последното истражување на јавното…

Кина: Ние не ја предизвикавме украинската криза,…

Кина не ја предизвика украинската криза и…