(Видео) Оставете број, ќе ви се јавиме ако умре: Голгота на едно семејство во болницата во Кочани

t

Македонското здравство продолжува да произведува нови приказни, за жал трагични, кои прават цели семејства да преживуваат голготи низ болничките ходници.

“Оставете број, ќе ви се јавиме ако умре”, така биле “примени” Фредерика и нејзиното семејство во болницата во Кочани, каде моментално е сместен сопругот на Фредерика, Кочо Шанговски.

Господинот Шанговски е сместен во т.н терминална соба, во склоп на интерното одделение во кочанската боница, каде со возило на брзата помош бил префрлен во понеделникот, рано наутро околу 4.30 часот.

Голготата за семејството започнува истиот ден бидејќи никој не ги известува каква е состојбата на пациентот, дали и каква терапија прима, не им дозволуваат да го видат бидејќи на одделението имало Ковид-мерки. Единствено што добиле како “информација” било дека ќе им се јават доколку пациентот почине, што може да го видите и на видеото во продолжение:

Семејството на пациентот за Инфомакс ја раскажа голготата која ја преживува веќе неколку денови.

Шанговски е државјанин и на Република Македонија и на Канада, по потекло Македонец од Егејска Македонија кој веќе 50 години живеел во Канада, а во Македонија дошол затоа што сакал да си ја види татковината за време на празниците.

Тој имал проблеми со тироидната жлезда, за која прима соодветна терапија, а подоцна почнал да кашла, за што бил испратен на пулмолог, најпрво во Штип (дополнителна голгота преживува во штипската болница каде пулмологот најпрво не можеле воопшто да го најдат, а кога го нашле дал процена “од око”, без никакви тестови и прегледи).

Пациентот се вратил во кочанската болница каде му била направена рендген снимка која немало кој да ја погледне бидејќи, како што вели семејството, ги инфомрирале дека ги проверуваат само снимките направени во регуларен термин претпладне.

Бидејќи здравствената состојба постојано му се влошува, семејството го носи пациентот на интерното одделение, каде констатираат дека едното белодробно крило веќе не е во функција и му ставаат несоодветна инфузија од која почнува да му опаѓа пулсот. Како што вели семејството, за среќа на време дошла друга сестра која ја прекинала инфузијата и му ставила друга инфузија, со што го спасила од смрт.

Тогаш им рекле дека пациентот треба да биде префрлен во Скопје, но никој не им дал упат и наместо да ги препратат во Скопје, ги праќаат дома. Кога во понеделник наутро состојбата на пациентот се влошува и тој е префрлен во болницата со итна помош, во болницата семејството добива “топол пречек”. Персоналот им се дере дека требало да се препрати во Скопје, иако не им дале упат, а наместо во таа ситуација да го испратат во Скопје, тие го задржуваат во кочанската болница.

Оттогаш семејството нема никаков контакт со пациентот, не знаат како е, никој не им кажува дали и каква терапија прима и дали воопшто ја прима терапијата за третирање на тироидната жлезда која им била уредно доставена во болницата.

Успеале кратко да го видат само еднаш и велат дека целиот бил мокар во соба бо која нема греење. Тие однеле ќебиња, но не знаат дали некој воопшто се грижи за човекот бидејќи никој, ниту медицинскиот персонал, ниту директорот на болницата не им одговара на повиците.

Ние ја контактиравме кочанската болница, но вработената ни кажа дека таа не може да ни даде повеќе информации, доколку сакаме да ги добиеме докторите или директорот на болницата да ги побараме утре, во нивното работно време.

Семејството на Шанговски ги известиле конзулатот на Канада во Македонија и Министерството за надворешни работи на Канада за случајот, од каде им кажале дека и тие не можат да стапат во контакт со директорот на болницата. Од канадското МНР велат дека отвориле официјално досие за случајот, но поради временската разлика семејството очекува детали и од таму.

Како што посочи семејството, а истото можете да го видите и на фотографиите и во видеото, условите во кочанската болница се катастрофални, а дел од персоналот крајно дрзок кон пациенттие и нивните семејства.

Се надеваме дека Шанговски е жив и здрав и дека наскоро ќе се види со семејството, а дека надлежните ќе реагираат на ваквите случувања, преку вонредни инспекции и соодветно постапување со докторите, вработените и директорот на болницата кои се недостапни за пациентите, за семејствата и за јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца возачи се повредени – излетале од…

Двајца жители на Макеоднија завршија во различни…

Претрес во кочанско, пронајдена дрога

На 14.03.2024 полициски службеници од ОВР Кочани…

Бог да чува: Пациент препратен во Прилеп…

Немало кој да стави катетер на пациент…

Малолетник удрен со мотоцикл – со тешки…

На 02.03.2024 во 10.30 часот во СВР…

Продолжува скандалот во ДПМНЕ Кочани: Откако јавно…

Познатата долгогодишна партиска активистка Славица Ангелова добила…