(Видео) Осуденик во САД незадоволен од пресудата скокнал врз судијата
Судија во американската сојузна држава Невада бил нападнат при изрекувањето на пресудата – обвинетиот ги прескокнал масата и судиската клупа, и ја нападнал судијката Мери Кеј Холтус, која паднала од столчето, пренесе АП.
Насилството било забележано на судска камера, а Холтус се здобила со полесни повреди, соопштија судските власти.
Судскиот маршал е повреден бидејќи прв ѝ пришол на помош на судијката, а морал да оди во болница бидејќи се здобил со исеченица на челото и изместено рамо.
Нападот се случил во средата во Регионалниот суд за правда во Лас Вегас.
Осудениот Деобра Делоун Реден (30) се борел на подот зад судиското столче со неколку обезбедувачи и затворски чувари, од кои некои го удирале со тупаници.
Тој бил уапсен и задржан во притворскиот центар во округот Кларк и сега се соочува со нови обвиненија, вклучително и напад на заштитено лице (судија) и судски службеници.
„Сè се случи многу брзо, беше тешко да се разбере што да се прави“, изјави шефот на локалното обвинителство, Ричард Скау, кое го гони Реден за напад на лице со безбол палка минатата година.
Адвокатот на Реден, Цезар Алмас, не одговорил на телефонскиот повик на АП за коментар.
Реден не бил во притвор кога пристигнал во судот во средата. Тој носел бела маица и темни панталони додека стоел до адвокатот, барајќи од судијата да биде попустлив бидејќи тој е „човек што никогаш не се откажува да ја прави вистинската работа, без разлика колку е тоа тешко“.
Кога судијката кажала дека има намера да го испрати во затвор, судскиот маршал почнал да му става лисици, но Реден почнал да пцуе и се нафрлил на судијката.
Ова нема да му биде првпат на Реден да оди во затвор во Невада. Тој претходно одлежал казна за семејно насилство.
Full video of the man attacking the judge for denying probation in Nevada. pic.twitter.com/EmHggwtjuM
— 9mmSMG (@9mm_smg) January 3, 2024
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бака ја прифати номинацијата за претседател на…
Андраш Бака (73) ја прифати номинацијата на…
Зеленски: Пристигнуваат до 50.000 војници од Северна…
„Севернокорејците се појавуваат на територијата на Руската…
Германија предупредува на секојдневна „хибридна војна“ по…
Германија се соочува со хибридни напади од…
Полска стана шеста економска сила во ЕУ,…
Полската економија станува се позначајна во Европската…
(Видео) Околу 700 велосипедисти без облека возеа…
Околу 700 велосипедисти учествуваа на првото издание…