(Видео) Палевски објави видео: Еве како сослужуваа РПЦ и МПЦ – ОА во Лесновскиот манастир

t

Претседателот на Десна, Љупчо Палевски објави видео на својот фејсбук од сослужувањето на Македонската православна црква Охридска архепископија и Руската православна црква во Лесновскиот манастир, откако МПЦ-ОА го доби Томосот од СПЦ и беше признаена со полното име од Московската патријаршија.

-Добри и големи гости ни дојдоа, напиша Палевски.

Официјално честитка за Божиќ и за именденот на г. г. Стефан била причината за првата посета на рускиот митрополит Антониј на МПЦ-OA. Директорот на одделот за меѓународни односи на Руската православна црква, дошол во МПЦ-OA да ги пренесе честитките и братските поздрави од рускиот патријарх на поглаварот на г. г. Стефан. Митрополитот Антониј, беше придружуван од неговиот заменик Николај Балашов и од рускиот амбасадор во земјава Сергеј Бездникин, а пречекан од членови на Синодот на МПЦ-ОА.

Како што беше предвидено г.г. Стефан и митрополитот Антониј, денес заеднички да сослужуваа на архијерејска литургија во Лесновскиот манастир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си-Ен-Ен: Американското разузнавање верува дека Иран подготвува…

Нови разузнавачки информации на САД укажуваат дека…

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Милиони документи на Дојче…

Повеќе од 15 милиони доверливи документи и…

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…

Денес СДС најави протест во Охрид каде…

Дијана Хрка: Очекувам да се утврди одговорност…

Дијана Хрка, мајка на Стефан Хрка, кој…

Се урна воен авион на Војската на…

Во близина на населените места Нова и…