Објавено на:

(Видео) Паравоените сили во Судан ја зазедоа претседателската палата

t

Покрај истрели и експлозии што се слушааат во Картум, престрелка има и во северниот судански град Мерове. Аларабија ТВ објави снимки на кои се гледа како се издигнува час над воениот камп во Мерове.

По неколкудневните тензии, паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) и суданската армија денеска потврдија дека биле нападнати нивните позиции во главниот град на Судан, Картум.

РСФ тврди дека воспоставила контрола над аеродромот во Картум, ја зазеле резиденцијата на армискиот командант и претседателската палата. Тврдењата на бунтовниците сè уште не се потврдени.

РСФ утрово соопшти дека нејзините сили биле нападнати во една воена база во јужен Картум, додека армијата тврди дека борците се обиделе да заземат воен штаб.

Тензиите помеѓу армијата и РСФ ескалираа по пролонгирањето на договорот за повторна демократизација на Судан, постигнат по воениот удар во 2021 година.

Судирите избија поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во Судан. Од воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали.

РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал, а армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е претседател на Суверениот совет. Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ бараше транзицијата да биде одложена за 10 години, но според армијата повторното воведување на цивилна власт треба да се случи за две години.

РСФ се составени од припадници на полицијата Џанџавид, обвинети за злосторства за време на долгата и смртоносна војна што започна во 2003 година во Дарфур, западен Судан, исто така е обвинета дека била вклучена во задушувањето на бунтот против диктаторот Омар ал Башир кон крајот на 2018 година, што кулминираше со неговото соборување од власт во април 2019 година.

Западните сили и регионалните лидери ги повикаа двете страни да ги намалат тензиите и да се вратат на разговорите.

Амбасадорот на САД во Судан, Џон Годфри преку Твитер побара прекин на борбите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драма во Гостивар: Го удрил со кола,…

МВР соопшти дека вчера (9.12.2023) во 13…

Судан: Војската ја презема контролата над клучната…

Суданската војска тврди дека презела целосна контрола…

Завојуваните страни во Судан ќе преговараат во…

Владите на САД и Саудиска Арабија потврдија…

Над 100.000 бегалци избегале од Судан поради…

Над 100.000 бегалци преминале од Судан во…

Завојуваните страни во Судан се согласија да…

Завојуваните генерали во Судан се согласија да испратат свои…