Објавено на:

(Видео) Подобрена ситуацијата со пожарот кај Шибеник

t

Утрово е подобра ситуацијата во Затон и Раслина, местата кои се најпогодени од пожарот во областа Шибеник, соопшти утринава хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ, пренесува Хина.

„Утро во Затон и Раслина. Подобра ситуација, нема големи огнени фронтови и неконтролирано ширење кон Водице. Временските услови поповолни“, напиша Божиновиќ на Твитер.

Според претходните информации, на целото подрачје има околу 300 пожарникари, а на подрачјето на Затон и Раслина има 25 возила, околу седумдесет пожарникари и 25 припадници на вооружените сили.

Во големиот пожар што избувна вчера меѓу Шибеник и Водице, уништени се дваесетина куќи, но нема повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…

Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…

Чистење двор или спој на разлабавени електрични…

Опожарени две возила во скопски Аеродром

Во раните утрински часови во Скопје избувнал…

(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград

Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…

Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…

Две мачки предизвикале голем пожар во стан…