(Видео) Полн товарен воз вооружување: Македонија повторно испрати оружје за Украина

t

На социјалната мрежа Телеграм вчера осамна видео-снимка од воз натоварен со воена инженерска опрема и возила, за која се тврди дека е дел од воената помош од Македонија наменета за Украина.

На снимката што ја објавува прорускиот канал @Ryabar, кој го води извесен Дејан Бариќ од Србија, се тврди дека возот со инженерска опрема тргнал од Скопје на 7 ноември и преку Бугарија се упатил кон Украина. На 9 ноември возот стигнал во бугарскиот град Русе, го поминал граничниот премин со Романија, па се упатил преку романска територија кон областа на Одеса, тврди каналот повикувајќи се на свои извор.

На снимката се гледаат повеќе од десет различни типови возила, вклучувајќи оклопни возила за спасување Т-55, камиони М-35, оклопни возила Ленд ровер, возила за итна медицинска помош, булдожери и дигалки…

Каналот уште тврди дека во придружба на опремата патувале и припадници на украинската армија, кои биле сместени во патнички вагон. Оваа пратка наводно требало да стигне во Украина уште во август, но поради проблеми кои не се наведени, транспортот доцнел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„НЕ МОЖАМ ДА ПОВЕРУВАМ, ЦЕЛОСНО СУМ ВО…

Двегодишната Данка Илиќ е убиена соопшти денеска…

Ова е местото каде што е усмртена…

Според известувачите на „Блиц“ од местото на…

Први ФОТОГРАФИИ од депонијата каде што МОНСТРУМИТЕ…

Осомничените за убиството на девојченцето од Бор,…

Во недела е Благовец, дознајте што што…

Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните…

Молчеле со денови, но ги издадоа трагите…

Двајца работници во српски „Водовод“, го фрлиле…