Објавено на:

(Видео) Поранешен телохранител на Путин: Има патолошки страв за неговиот живот, не лета со авион за да не го соборат!

t

Владимир Путин никогаш не користи мобилен телефон или интернет кога патува. Ова во интервју за каналот Dossier Center го изјави Глеб Каракулов, поранешен вработен во личната гарда на рускиот претседател.

Каракулов, кој решиl да ја напушти Русија поради војната со Украина, објасни дека секоја информација стигнува до Путин преку најблиските луѓе во неговиот круг.

Според поранешниот телохранител, Путин по руската инвазија на Украина значително ги зголемил безбедносните мерки во однос на сопствената безбедност. Но, тој ги демантираше гласините дека сопственикот на Кремљ има здравствени проблеми.

Притоа, Каракулов истакна дека Путин со своите 70 години е во топ форма, во споредба со многу други на негова возраст. Тој исто така додаде дека Путин неколку пати годишно оди на превентивни прегледи за да види дали се е во ред со неговото здравје.

Глеб Каракулов откри и дека рускиот претседател се плаши да патува со авион поради можноста да биде соборен, како и поради тоа што летот на авионите може да се следи во реално време. Затоа, кога патува некаде, Путин претпочита да патува со блиндиран воз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…

Украина нападна руска радарска станица вредна околу…

Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…

Руските власти го уапсија главниот уредник на…

Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…