Објавено на:

(Видео) Почина човекот кој се самозапали пред судницата каде се одвива судскиот процес против Трамп

t

Почина човекот кој се самозапали пред судницата во Њујорк каде што се одржува судењето на Доналд Трамп во петок на 19 април, соопшти полицијата, пренесува NBC News.

Мажот, идентификуван од полицијата како Максвел Азарело од Св. Аугустин, Флорида, почина во болница.

Шефот на NYPD, Џефри Б. Мадри рече дека маж околу 13 часот и 30 минути влегол во паркот Колект Понд, спроти судницата, прво извадил летоци од ранецот и ги фрлил на подот, а потоа се полил со некаква течност и се запалил.

Случајни минувачи, судски службеници и полиција се обиделе да го изгаснат пожарот со палта и противпожарни апарати.

Во тоа време, целосната порота беше собрана за судењето на Трамп – 12 поротници и шест заменици избрани за судењето, кое се очекува да трае околу шест недели.

Пожарникарите рекоа дека Азарело бил пренесен во одделението за изгореници во медицинскиот центар Веил Корнел, каде што бил пренесен жив, но во критична состојба.

Четворица полицајци и еден судски службеник се здобиле со полесни повреди по гаснењето на пожарот.

Шефот на детективите, Џозеф Кени рече дека Азарело е роден во 1987 година и пристигнал во Њујорк претходно во текот на неделата. Тој рече дека членовите на семејството кои биле контактирани од полицијата по инцидентот не знаеле дека Азарело бил во Њујорк.

Кени исто така додаде дека флаерите на Азарело содржеле текст поврзан со некои теории на заговор.

Азарело објавува теории на заговор за естаблишментот на Интернет, вклучително и долга статија на социјалната мрежа Substack во која се критикуваат корумпирани политичари, милијардери, па дури и се повикува на анимираната серија Симпсонови.

Документот во стилот на манифестот предупредува на претстојниот „апокалиптичен фашистички напад врз светот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор: Маж ги убил сопругата и трите…

Пет мртви тела, меѓу кои и три…

(Видео) Почина човекот кој се самозапали пред…

Почина човекот кој се самозапали пред судницата…

Маж од Студеничани со украден џип од…

Вчера во 15.40 часот на Граничен премин…

Хорор во Нови Сад: Маж ја убил…

Полицијата вчера попладне во семејната куќа во…

Маж и жена од Србија направиле хаос…

На 16.02.2024 во 18:40 часот на Граничен…