(Видео) Почна хаосот во Ростов: Одекнуваат експлозии, неофицијално има улични борби
Шефот на руските платеници Евгениј Пригожин ги обвини руските власти за намерно убивање на неговите борци и најави државен удар против военото раководство. Рускиот претседател Владимир Путин и се обрати на нацијата и рече дека ова е чин на предавство и дека Русија ќе се брани.
„Ова е еквивалентно на вооружен бунт. Се бориме за животот и безбедноста на нашите граѓани и за нашиот територијален интегритет. Ова е предавство“, рече Путин во обраќањето до јавноста.
Во меѓувреме, Вагнерците го зазедоа градот Ростов, каде што сега наводно се водат улични борби. Како што јави белоруската агенција Nexta, во Воронеж имало силна експлозија, а тие наводно почнале да го окупираат аеродромот.
Во Ростов медиумите јавуваат дека веќе започнале уличните борби.
Вагнерците утринава го окупираа Ростов, а руската армија испрати антитерористички единици, чија цел е „да ги запрат предавничките активности“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…
Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…