Објавено на:

(Видео) Почна xaocот во Украина: Демонстрантите пробаа да влезат во Собранието, се слуша пукање од автоматско оружје во центарот на Киев!

t

Во Киев, претприемачите кои бараат даночни олеснувања се обидоа да влезат во зградата на Собранието по што настанала тепачка меѓу нив и полицијата.

Демонстрантите маршираа низ централните улици на градот. Меѓу нивните барања е и усвојување на предлог-законот за поедноставен систем на користење фискални каси и други олеснувања во даночниот законик. Потоа демонстрантите се вратија во зградата на Собранието и продолжија со протестите.

Групата демонстранти потоа се обиде да влезе во зградата на парламентот. Поради тоа дошло до тепачка, а полицијата употребила солзавец и уапсила неколку учесници на собирот, меѓу кои и организаторите, кои на насобраните им се обратиле од бината.

Полицијата потоа ги оттурнала претприемачите од зградата на Собранието, но судирите продолжиле.

За време на судирите, демонстрантите палеле димни бомби и факели.

Украинските бизнисмени почнаа со протести во ноември 2020 година. Најпрво се спротивставија на ограничувањата поради корона вирусот, а подоцна почнаа да бараат укинување на одредени законски норми во даночната област. Претприемачите, меѓу другото, се спротивставуваат на законите со кои се бара од сопствениците на мали бизниси да имаат фискални каси. Од 15 декември 2020 година тие протестираат без престан и сега дежураат во централниот дел на Киев, повремено одржуваат прошетки и митинзи.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, потпиша пакет закони за одложување на воведувањето каси за малите бизниси до 1 јануари 2022 година. Зеленски иницираше и формирање на Координативен совет за решавање на проблемот со микробизнисот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба…

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател…

НАСА ќе лансира дури три ракети за…

Ракетите ќе ја мерат густината на наелектризираните…

Шмит: Чувствувам дека сум гарант за постоењето…

Високиот претставник на Европската унија во Босна…

Додик повторно најави можност за независност на…

Република Српска (РС) не сака да го…

Пендаровски: Целосен ветинг на судии и обвинители,…

На вториот ден од победничкиот караван, кандидатот…