(Видео) Првиот звук во вселената кој се уште ги интригира научниците
Научните откритија за универзумот кои ѝ станаа познати на јавноста во последните неколку години значително придонесоа за популаризација на приказната за потеклото на самиот универзум и сите појави поврзани со него. Една од нив е секако приказната за потеклото на темната материја и првите звуци во универзумот.
Пред ѕвездите или планетите, пред црните дупки и белите џуџиња, дури и пред атомите или зраците на светлината, универзумот одекнувал со нешто изненадувачко – звук. Овa prvobitno брмчење се движело со половина од брзината на светлината низ прегреана плазма од бариони, фотони и темна материја.
Неколку стотици илјади години подоцна, плазмата исчезнала како утринска магла, а вселената одеднаш „паднала“ и замолкнала.
Сепак, сè уште е можно да се фатат одгласите на овие први воздушни бранови што се шират низ раниот универзум, а научниците најмногу се занимаваат со она што тие го нарекуваат исконски звучни бранови, исто така познати како барионски акустични осцилации (БАО).
„Гравитациското влечење на темната материја во раниот универзум на некој начин создало ‘бунари’, повлекувајќи ја плазмата навнатре. Плазмата, сепак, била толку жешка што создала и спротивставена надворешна сила. Фотоните создале притисок на зрачење што се борело против гравитацијата и сè истуркало назад. Оваа борба создала акустични осцилации – звучни бранови“, објаснува професорката Лариса Сантос.
Ако човекот, теоретски, постоел во епохата на барионските акустични осцилации, тој најверојатно немало да слушне ништо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прекинат транспортот на нафта за рафинеријата во…
Транспортот на сурова нафта преку Јадранскиот нафтовод…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Словенечка или австриска банка кои оперираат во…
Ива Михаилова се појави и на БНТ…
По гостувањето во поткаст, во кое наведе…
Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до…
Инстант лозот „Макси златна рипка“, на Државна…
Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ,…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…