(Видео) Пренџов: Денешната театарска претстава во собранието е последниот чин од абдициpањето на Зоран Заев

t

Пратеникот Љупчо Пренџов, на денешната собраниска седница ја критикуваше наводната нова влада за, како што изјави тој, циркусот со нејзиното формирање и комплетирање, кој Пренџов го нарече театарска претстава за козметички промени и манипулирање со јавноста.

„Ова не е избор и докомплетирање на влада, ова е последниот чин од абдицирањето на Зоран Заев. И ако некој негодува за спомнувањето на Заев на денешната седница, ќе го потсетам на изјавите на веќе абдицираниот премиер во кои вели дека ќе се повлече во оној момент кога ќе го обезбеди новото парламентарно мнозинство. Со тие изјави тој несомнено ќе биде дел од оваа влада до следните парламентарни избори“, изјави Пренџов.

Тој, обраќајќи му се на новиот премиер, Димитар Ковачевски, истакна дека неговата кариера е единственото нешто што расте побргу од надворешниот долг на државата.

„Почитуван Ковачевски, треба да знаете, дека кариера во политика се прави со директна поддршка од граѓаните, на демократски избори со понудена програма и визија за развојот на државата. Колку и да се трудите тоа да го прекриете, колку и да се трудат да го релативизираат ергелата на медиуми кои ви се под директна контрола од владата или од Бихаќка, сепак, тоа ќе остане како сенка во вашето идно делување на македнската политичка сцена“, истакна Пренџов, додавајќи дека Ковачевски е на чело на најкорумпираната влада во Европа која Република Македонија ја направи држава со најголема невработеност, најмала просечна плата, со највисока инфлација, најмалку странски инвестиции и најнизок Бруто домашен производ.

„Згора на сѐ, предводите држава во која паралелно постојат четири кризни состојби, каде и да отвориме има криза, освен во владата. Е, таму блескате. Само таму сте на прав пат, само таму сте најдоброто и уште кој не трагикомичен епитет, кој сами на себе си го доделувате“, посочи Пренџов.

Пратеникот додаде дека додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај и чекаат да видат колку ќе бидат високи сметките за струја и парно, додека кратат од сѐ она што значи достоинствен живот, владата дава изјави со кои им ја навредува интелигенцијата на граѓаните и го убива основното човеково достоинство.

Тој потсети дека уште минатата година, во обраќање кон поранешниот премиер Зоран Заев, истакнал дека СДСМ е декорот во македонската влада, а ДУИ е столбот на истата, а дека денешниот предлог на заменици министри не само што го потврдува изјавеното, туку оди и еден чекор понатаму со фактот дека 15 пратеници на ДУИ ја контролираат пола Македонија.

„Тоа можеби е великодушно од СДСМ, но нема никаква врска со демократијата. Можеби има врска со големиот страв на некои ваши претходници за денот потоа, особено знаејќи какви сѐ злоупотреби и зулуми направија изминативе пет години. Скромните 37% на заменици министри Македонци како и срамните 12% на жени во Владата, исто така немаат врска со демократијата, едно општество за сите, а најмалку имаат врска со познатиот ваш џинџер баланс.“, кометираше Пренџов, додавајќи дека кај најголемиот дел од граѓаните ова не поминува.

Пренџов му порача на Ковачевски дека, наместо да се откажува од премиерската вила, час поскоро, во најбрз можен рок, да излезе од филмот дека е дел од нова влада на која и требаат сто денови меден месец и да дојде во собранието на пратенички прашања, кои не се одржани уште од пролетта 2021 година.

„Не може да трошите државни пари десет месеци и притоа да ги избегнувате пратениците да не ве прашаат за што сте ги потрошиле истите“, порача Пренџов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават сѐ за…

Лидерот на партијата, Али Ахмети вели дека…

Зајкова демантира дека оди во коалиција со…

Лидерката на ЛДП, Моника Зајкова демантира дека…

Макрадули: Во СДСМ во моментов владее клиентелизам,…

Јани Макрадули, поранешен висок функционер во СДСМ…

Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ…

Левица може да ја замени СДСМ во…

Мицкоски: Обезбедени се 61 пратеник, сега целта…

Можам со задоволство да кажам дека досега…