Објавено на:

(Видео) ПРИНЦОТ ХАРИ СЕ СУДРИ СО ФОТОГРАФ, пред да влезе на рочиште во судот!

t

Принцот Хари вчера пристигна во Високиот суд во Лондон на сослушување против издавачот на весникот „Дејли мејл“, а на Твитер почна да кружи видео од непријатниот момент пред судот, кога Хари случајно се судри со фотограф.

Принцот Хари вчера пристигна во Високиот суд во Лондон на сослушување против издавачот на весникот „Дејли мејл“, а на Твитер почна да кружи видео од непријатниот момент пред судот, кога Хари случајно се судри со фотограф.

Како што можете да видите на видеото, Хари придружуван од обезбедувањето се упати кон вратата на судот, а на пат случајно му се испречил еден од насобраните фотографи, а принцот удрил во него.

Да потсетиме, принцот Хари поднесе тужба против „Асошиејтед њузпејперс“ (Associated Newspapers) заедно со други познати личности, вклучувајќи ги пејачот Елтон Џон, неговиот сопруг и режисер Дејвид Фурниш и актерките Елизабет Харли и Сејди Фрост.

Според соопштението објавено во октомври од адвокатите на Фрост и Хари, случајот против „Associated Newspapers“ вклучува наводи за прислушување телефони, автомобили и домови и плаќање на полицијата за чувствителни информации.

Медиумското вознемирување, наводно, било една од причините зошто Хари и неговата сопруга Меган Маркл се повлекле од кралските должности и се преселиле во Калифорнија за да создадат нови животи и кариери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на…

Руски хакери нападнаа веб-страници на косовски институции,…

Ерменскиот премиер најави договор со Азербејџан

Ерменскиот премиер Никол Пашињан изјави дека мировниот…

Грците бесни што Турција сака манастирот Хора…

Министерството за надворешни работи на Грција преку…

Тројца мажи се обиделе да влезат во…

Во Полициската станица Бит Пазар денеска било…