(Видео) Протести пред израелските и американските дипломатски претставништва во Турција!
Протести во врска со ракетниот напад врз болница во Појасот Газа се одржаа во вторникот вечерта во многу градови во Турција. Ова го објави ТВ каналот Хабертурк.
Локалните власти ги повикаа демонстрантите да останат смирени, вклучително и во Анкара и Истанбул, каде што беа организирани демонстрации во близина на израелските дипломатски претставништва.
Според ТВ каналот Халк, во Истанбул, полицијата употребила солзавец против локалните жители кои се обиделе да пробијат до израелскиот генерален конзулат. Според телевизиската куќа Хабер Глобал улицата каде што се наоѓа израелската амбасада во Анкара била целосно блокирана од полицијата, а на неа биле распоредени дополнителни единици на специјалните сили.
Зајакнати се и безбедносните мерки во израелскиот конзулат во Измир. Масовен протест се одржа и пред Генералниот конзулат на САД во градот Адана во јужна Турција, каде што се наоѓа американската воздухопловна база Инџирлик.
Нема извештаи за сериозни инциденти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Шест жртви во поплавите во Турција, продолжува…
Бројот на жртви во поплавите што ги…
Мицкоски се сретна со новиот турски амбасадор…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со…
Романија, Бугарија и Турција сакаат нова воена…
Романија ѝ предложила на Бугарија двете држави…
По 19 месеци затвор, ослободен турски комичар…
Турски суд во понеделникот го осуди комичарот…