(Видео) Пукање на автопат во Америка – се трага по напаѓачот
Седум лица се повредени во пукање или последователна сообраќајна несреќа што се случи по вооружен инцидент на автопат во близина на Лондон, во југоисточен Кентаки, а полицијата трага по вооружен маж.
Градоначалникот на Лондон, Кентаки, Рандал Ведл изјави дека нема загинати, а од седумте повредени, неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа, а некои се повредени во пукотницата, пренесува АП.
Полицијата соопшти дека трага по сомнително лице, а тоа е 32-годишниот белец Џозеф А. Кауч.
Мештаните се повикани да останат дома, бидејќи, според полицијата, Кауч е „вооружен и опасен“.
Делот од автопатот во близина на местото каде што се случи престрелката е затворен, а на терен се уште се голем број припадници на полицијата и противпожарната служба.
Гувернерот на Кентаки Енди Бешеар рече дека активно ги следи извештаите за ситуацијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Драма во скопско Шишево: Пукал кон соселанин,…
Жител на скопското село Шишево е приведен…
Приведен 73-годишник од скопско, со пиштол пукал…
На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници…
Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…
Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…
ФБИ бара да ја разјасни временската линија…
Администрацијата на Доналд Трамп се обидува да…
Сестрата на Кол Томас Ален се соочува…
Кол Томас Ален, осомничениот за пукањето на…